Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Инфлацијата во Франција се забрзува

Потрошувачките цени во Франција се зголемија за 0,8 отсто во јули споредено со истиот месец лани, јави дописникот на МИА од Париз.

Париз, 31 јули 2020 (МИА) – Потрошувачките цени во Франција се зголемија за 0,8 отсто во јули споредено со истиот месец лани, јави дописникот на МИА од Париз.

Потрошувачките цени – инфлацијата достигна 0,8 отсто во текот на една година во јули, наспроти 0,2 отсто претходниот месец, соопшти ИНСЕЕ во својата привремена проценка.

„Овој пораст на инфлацијата е резултат на производството, поврзан со доцнењето на летната распродажба и со помалиот пад на цените на енергијата. Од друга страна, цените на храната и во помала мерка на услугите и тутунот, се забавиле“, пишува ИНСЕЕ во белешката објавена на својата интернет страница. тг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close