Дописници МКДОпштински вести

Инфективното одделение во Дебар повторно ќе се трансформира во интерно, ковид пациентите ќе се третират во модуларната болница

Директорот на Општата болница со проширена дејност во Дебар, Баки Алили денеска информираше дека Интерното одделение ќе се врати во поранешните простории каде што беше сместено инфективно одделение и се лекуваат ковид пациенти.

Дебар, 17февруари 2021 (МИА) – Директорот на Општата болница со проширена дејност во Дебар, Баки Алили денеска информираше дека Интерното одделение ќе се врати во поранешните простории каде што беше сместено инфективно одделение и се лекуваат ковид пациенти.

Ова, како што најави, е поради смирување на епидемилошката состојба и се помалиот број на ковид пациенти на кои им е неопходно болничко лекување, а пред се поставувањето на модуларната болница во кругот на болницата, каде во иднина ќе се третираат овие пациенти.

-Епидемиолошката состојба со Ковид-19 во нашето подрачје, кое беше прво жариште на болеста се смирува. Имаме се помал број заразени а со тоа бројот на пациенти на кои им е потребно болничко лекување многу е намален. Моментно имаме само четврица сите на кислородна подршка, но во стабилна состојба. Благодарение на соработката со Министертото за здравство и локалната власт веќе е поставена модарната болница и овие болни ќе ги третираме во неа, каде што има одлични услови за тоа, рече Алили.

Тој искажа голема благодарност до вработените во болницата, пред се на „белите мантили, кои се во првата борбена линија со неведливиот непријател веќе една година“ за пожртвуваноста и храброста во справувањето со него.

Инаку, поради големиот број заразени, интерното одделение, од почетокот на ноември минатата година, беше трансформирано во инфективно, со засебен влез од задната страна на болницата. Располага со 20 кревети, а се ангажирани осум лекари и исто толку медицински сестри и друг потребен персонал. Интерното пак почна да функционира во просториите на хирушкото одделение. вт/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close