0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитика

ИНЕРКОМ повика на дијалог за проблемот со исклучувањето на ТВ-каналите од операторите

Институтот за развој на електронски комуникации ИНЕРКОМ, по синоќешниот едночасовен прекин на емитување на ТВ-програмите од страна на кабелските оператори, оцени дека принципиелниот дијалог е единствен пат до конечно наоѓање прифатлив компромис и решение на сите страни.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Институтот за развој на електронски комуникации ИНЕРКОМ, по синоќешниот едночасовен прекин на емитување на ТВ-програмите од страна на кабелските оператори, оцени дека принципиелниот дијалог е единствен пат до конечно наоѓање прифатлив компромис и решение на сите страни.

-Институтот упатува предлог до новиот пратенички состав на пост изборното Собрание и новата легитимна и легална Влада да донесе соодветни законски измени, во интерес на сите страни, а најмногу во интерес на граѓаните како крајни корисници, притоа држејќи до европските правни норми и регулативи, следејќи искуства од развиените држави, стои во коментарот (https://inrekom.org.mk/komentar-operatori-kanali-avmu/) што го објави денеска ИНЕРКОМ.

Кабелските оператори синоќа по 18 часот времено го прекинаа реемитувањето на телевизиските програми со исклучок на тие од јавниот сервис, во знак на протест од, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.

Македонската медиумска асоцијација (ММА) која ја сочинуваат 5-те национални телевизии –Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма, нивниот потег го оцени како самоволие и тешко кривично дело. Порачаа дека петте телевизии целосно ги имаат уредено авторските и сродните права за целата содржина што ја емитуваат,  како и дека управителите за тоа гарантираат под целосна морална и кривична одговорност.

Министерство за информатичко општетсво и администрација во соопштение укажа дека со прекинот на програмите е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации, притоа упатувајќи и на условите под кои може да дојде до прекин на емитувањето на програмите, како и на последиците од непочитувањето на ЗЕК. Корисниците на услугите на операторите ги советуваше дека законски имаат право за надомест на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори, како и соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации.

-Во однос на тоа дали е нешто уставно или не надлежна институција е Уставниот суд, порача ресорниот министер Дамјан Манчевски. лв/са/

Back to top button
Close
Close