СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Индиските трупи преку границата убиле жена во пакистанскиот дел на Кашмир

Полицијата во пакистанскиот дел на Кашмир денеска соопшти дека една жена загинала кога индиските трупи преку границата пукале со автоматско оружје.

Исламабад, 10 мај 2020 (МИА)Полицијата во пакистанскиот дел на Кашмир денеска соопшти дека една жена загинала кога индиските трупи преку границата пукале со автоматско оружје.

Како што се наведува, жената  била погодена во главата и пределот на градите додека подготвувала појадок во нејзиниот дом во граничната област.

Илјадници пакистански и индиски трупи се распоредени по должината на границата, која ги раздвојува деловите на областа Кашмир, околу која се спорат двете нуклеарни сили во јужна Азија.

Нападите преку границата, кои инаку се чести, се интензивираа во последниве денови, при што двете страни пријавуваат загинати војници.

Двете држави имаат право на целата територија на КаШмир, поради што двапати војуваа. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close