СветСвет.Портал

Индискиот премиер прогласи 21-дневна национална изолација со цел борба против коронавирусот

Премиерот на Индија Нарендра Моди денеска соопшти дека втората најнаселена земја во светот од вечерва ќе биде целосно блокирана 21 ден за да се контролира ширењето на коронавирусот.

Њу Делхи, 24 март 2020 (МИА) – Премиерот на Индија Нарендра Моди денеска соопшти дека втората најнаселена земја во светот од вечерва ќе биде целосно блокирана 21 ден за да се контролира ширењето на коронавирусот.

– Од 12 полноќ целата земја ќе оди во целосна изолација. Гледајќи ја тековната ситуација, блокадата ќе трае 21 ден – три недели, рече Моди во телевизиско обраќање.

Тој додаде дека овој потег е во согласност со мислењето на здравствените експерти дека е неопходна блокада на минимум 21 ден за да се прекине циклусот на зарази.

– Ако не успееме овие 21 ден, земјата ќе се врати за 21 година. Некои семејства ќе бидат уништени засекогаш, истакна Моди.

Во Индија се регистрирани 519 заразени со коронавирусот, а 10 лица починале. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close