СветСвет.Портал

Индиската полиција уапси повеќе од 600 луѓе

Индиската полиција денеска соопшти дека уапсила стотици луѓе и распоредила свои трупи во североисточниот дел на Њу Делхи откако најмалку 38 лица беа убиени оваа недела во судирите меѓу хиндусите и муслиманите.

Њу Делхи, 28 февруари 2020 (МИА) – Индиската полиција денеска соопшти дека уапсила стотици луѓе и распоредила свои трупи во североисточниот дел на Њу Делхи откако најмалку 38 лица беа убиени оваа недела во судирите меѓу хиндусите и муслиманите.

Портпаролот на полицијата во Њу Делхи М.С. Рандава изјави дека полицијата собира докази, прегледува видеа со насилството и оти веќе уапсила повеќе од 600 лица.

– Апсењето е многу важно со цел ситуацијата да се стави под контрола, рече Рандава додавајќи дека нема извештаи за нови конфликти.

Судирите почнаа околу законот за државјанство кој Владата на премиерот Нарендра Моди го усвои во декември, врз чија основа индиското државјанство можат да добијат шест верски групи од соседните држави, но не и муслимани.

Критичарите велат дека законот е дискриминаторски кон муслиманите. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close