СветСвет.Портал

Индија го повика турскиот амбасадор поради изјавата на Ердоган

Индија денеска го повика на разговор турскиот амбасадор во земјата за да изрази дипломатски протест поради изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Њу Делхи, 17 февруари 2020 (МИА) – Индија денеска го повика на разговор турскиот амбасадор во земјата за да изрази дипломатски протест поради изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Индија реагира поради изјавата за спорниот регион Кашмир и предупреди дека тоа ќе влијае на билатералните односи.

За време на посетата на Пакистан минатата недела, Ердоган рече дека состојбата во индискиот дел на Кашмир се влошува поради големите промени што Њу Делхи ги воведе на територијата со муслиманско мнозинство и дека Турција изрази солидарност со народот на Кашмир.

„Индија, која смета дека целиот регион Кашмир е составен дел на земјата, му порача на турскиот амбасадор Сакир Озкан Торунлар дека во коментарите на Ердоган немало разбирање за историјата на спорот за Кашмир, соопшти индиското Министерство за надворешни работи.

– Оваа неодамнешна епизода е само уште еден пример на мешање на Турција во внатрешните работи на други земји, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Индија, Равеш Кумар, додавајќи дека Индија тоа го смета за целосно неприфатливо.

Тој рече дека Индија упатила силен демарш, односно официјална дипломатска нота.

Индија ја укина автономијата на Кашмир во август и ја стави под федерална администрација како начин за целосно интегрирање на територијата во Индија и задушување на 30-годишното востание.

Пакистан, кој контролира дел од Кашмир, ја критикуваше мерката, а други земји со мнозинско муслиманско население, како Турција и Малезија, се приклучија на повиците Индија да ја преиспита својата одлука. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close