СветСвет.Портал

Индија бара одговор од Кина поради исчезнати Индијци

Индиската армија денеска соопшти дека ја прашала кинеската војска дали петмина Индијци кои исчезнаа на западната граница на двете земји во неделата, можеби се кај нив во притвор.

Гувахати, 7 септември 2020 (МИА) – Индиската армија денеска соопшти дека ја прашала кинеската војска дали петмина Индијци кои исчезнаа на западната граница на двете земји во неделата, можеби се кај нив во притвор.

Односите меѓу двете земји се на најниско ниво поради конфликтот на западната граница на Хималаите во јуни годинава, кога беа убиени 20 индиски војници.

Петмина исчезнати индиски државјани се од индиската држава Арунахал Прадеш, која Кина ја нарекува Јужен Тибет.

Индиската армија соопшти дека Индијците, бидејќи не постои јасно обележана гранична линија низ шумата, можеби отишле во тој правец. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close