• четврток, 15 мај 2025

Маск најави објавување на бета-верзијата на моделот за ВИ, која ќе може да одговори на прашања меѓу кои и за ракетни мотори или електрохемија

Маск најави објавување на бета-верзијата на моделот за ВИ, која ќе може да одговори на прашања меѓу кои и за ракетни мотори или електрохемија

Вашингтон, 29 април 2025 (МИА) - Милијардерот и сопственик на компанијата „Икс.аи“, Илон Маск, го најави објавувањето на бета-верзијата на моделот за вештачка интелигенција (ВИ) „Грок 3.5“, кој ќе може прецизно да одговори на сложени технички прашања, вклучувајќи ги и тие за ракетна наука и електрохемија.

„Следната недела, „Грок 3.5“ ќе биде во рана бета-верзија, достапен само за претплатници на СуперГрок. Ова е првата вештачка интелигенција што може точно да одговори на технички прашања за ракетни мотори или електрохемија“, напиша Маск на Икс. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан