• понеделник, 26 август 2024

Јувентус ќе поднесе жалба за одземањето 15 бода

Јувентус ќе поднесе жалба за одземањето 15 бода

Торино, 21 јануари 2023 (МИА) - Јувентус излезе со официјално соопштение во врска со казната за финансиска измама. На торинскиот клуб синоќа му беа одземени 15 бодови во поредокот во Серија А.

Калчолигашот го чека објавувањето на причините и најавува жалба до Колеџот за спортски гаранти во рамките на кодексот за спортска правда, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на клубот.

Поради одземањето на 15 бодови, Јувентус од третата падна на десеттата позиција на табелата во Италијанскиот фудбалски шампионат. Сега тимот има само 22 бода. зс/

Остани поврзан