• четврток, 15 мај 2025

Јубилеен 30. Fashion Weekend Skopje

Јубилеен 30. Fashion Weekend Skopje

Скопје, 26 април 2025 (МИА) - Јубилејното 30-то издание на Fashion Weekend Skopje кое оваа година се одржува под слоганот „Community", ја славиме модата како заедничко искуство, простор за креативност и поврзување, денеска и утре со богата и интересна понуда.

На агендата од 15:30 до 17:30 часот во Дајмонд резиденс е своевиден маратон од јавни разговори на теми поврзани со одржливоста на модата, нејзина културна релевантност и улога во дигиталната ера. На темата Само мода: работа за трансформирање на модата во циркуларна и „социјално инклузивна индустрија“ ќе разговараат Даниела Милошеска, основач и креативен директор на Bastet Noir, и Александра Филипова, дизајнерка и креативен директор на BlackBello.

На прашањата поврзани со „Одржлива мода, заштита на животната средина и етички конзумеризам – борба против предрасудите против модата од втора рака“ разговорот ќе се води помеѓу SIEC и Ангела Бикова, основач на Upcycled by Bikova, поддржан од Green Land Group.

„Промени кон одржлива мода: Мултидисциплинарно стратешко партнерство кое обезбедува иновативни решенија за намалување на дисперзијата на загадувачите во вода – MISSION4WATER“ е прашање на кое низ разговор ќе се осврнат Наташа Сивевска, извршен директор на Здружението за текстилна трговија – Текстилен кластер, и Ирина Тошева, моден дизајнер и едукатор за одржливост.

Последна од темите на разговор се однесува на „Социјални и културни прашања во модната индустрија во МК и БиХ“. Во оваа дискусија за клучните истражувачки наоди кои се однесуваат на регионалните предизвици ќе разговараат Сара Стојчевска, моден психолог; Дамјан Ристовски (Народни носии); и Емилија Славкова, 3Д моден дизајнер.

Според објавената програма, вечер во Дајмонд мол, ќе се одржат модни ревии на студентите на Меѓународниот моден институт „Изет Цури“ - Блендина Катона, Ерона Фејзулаху и Дријона Кадриу, на модното ателје CRIUS кое ќе се претстви со својата нова колекција, како и на А2 Atelier и Kali Rose.

Утревечер пак на истата локација во Дајмонд мол, ќе се претстават студентите од Меѓунардониот Балкански Универзитет, своите најнови креации ќе ги презентира ателјето „Ал Апарел“ на дизајнерката Наташа Карчева - Al Aparel by N. Karceva и модната дизајнерка Олгица Ѓоргиева.

Fashion Weekend Skopje го помести почетокот на 30. издание за крај на овој месец, од 25 до 27 април, поради трагедијата што го потресе Кочани и целата јавност. Со солидарност и сочувство кон семејствата и заедницата, FWSK е со уште поголема посветеност на вредностите што ги обединуваат луѓето – културата, уметноста и заедништвото, наведуваат организаторите. вг/цр

Фото: Fashion Weekend Skopje

 

Остани поврзан