• сабота, 31 август 2024

Хaланд спортист на годината во изборот на „Би-би-си“

Хaланд спортист на годината во изборот на „Би-би-си“

Лондон, 20 декември 2023 (МИА) – Британскиот радиодифузен сервис „Би-би-си“ го прогласи Ерлинг Халанд за спортист на годината.

Дваесет и тригодишниот норвешки напаѓач освои тројна круна со Манчестер сити во сезоната 2022/23, освојувајќи ги Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Халанд наградата спортска личност на годината ја доби на свечена церемонија организирана од „BBC“.

За наградата конкурираа и американската гимнастичарка Симон Бајлс, фудбалерката на Шпанија и Барселона, Ајтана Бонмати, тенисерот Новак Ѓоковиќ, капитенот на јужноафриканскиот рагби тим Сија Коласи и светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен.

Минатата година наградата ја освои Лионел Меси, кој со Аргентина го освои Светското првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан