• среда, 25 септември 2024

Хезболах соопшти дека синоќа истрелал ракети врз фабрика за експлозиви во Израел

Хезболах соопшти дека синоќа истрелал ракети врз фабрика за експлозиви во Израел

Бејрут, 24 септември 2024 (МИА) – Либанската шиитска група „Хезболах“ денеска соопшти дека ноќеска извршила неколку напади против израелски воени локации, вклучително и фабрика за експлозиви на 60 километри од границата со Либан, јави ДПА.

Движењето соопшти дека утрово го нападнало Израел најмалку шест пати со ракети Фади-1 и Фади-2.

Хезболах во неделата за прв пат ја спомена употребата на ракетите Фади и ги претстави во видео. Ракетите го добиле името во чест на инженерот на групата кој загинал во конфликтот со Израел во 1987 година. Според информациите објавени во видеото, ракетата од шест метри има дострел од 70 до 100 километри и може да носи боеви глави со тежина од 80 до 170 килограми.

Се верува дека станува збор за варијанта на ракетата „Хајбар-1“ развиена во Сирија, која Хезболах првпат ја користеше во 2006 година.

Остани поврзан