• понеделник, 10 август 2026

Хаџију: Конститутивната седница на Собранието на Косово на почетокот на август

Хаџију: Конститутивната седница на Собранието на Косово на почетокот на август

Приштина, 17 јули 2026 (МИА) - Вршителот на должноста претседател на Косово, Аљбуљена Хаџију, објави дека ќе ја закаже конститутивната седница на Собранието на Косово за почетокот на август.

„Констутитивната седница ќе се одржи во првата недела од август. Ви ветувам дека ќе ви го соопштиме датумот и времето следната недела“, изјави Хаџију.

Претходно, од нејзиниот кабинет беше објавено дека таа одлучила да закаже конститутивна седница пред крајот на законскиот рок, кој истекува на 7 август, со цел да им се даде време на политичките партии да постигнат договор за претседателот на Косово.сд/

Фото:Икс