Хамас: Преговорите за прекин на огнот одржани во Каиро беа позитивни и добри
- Официјален претставник на Хамас изјави дека разговорите за прекин на огнот одржани во Египет биле „позитивни и добри“, пренесува Ал Џезира.
Газа, 10 февруари 2024 (МИА) - Официјален претставник на Хамас изјави дека разговорите за прекин на огнот одржани во Египет биле „позитивни и добри“, пренесува Ал Џезира.
Преговорите за нов прекин на огнот во Газа и размена на заробеници водени се со египетски и катарски посредници.
„Делегацијата го напушти Каиро синоќа и го чека одговорот на Израел“, изјави претставник на Хамас за новинската агенција АФП кој побарал да не биде именуван бидејќи не е овластен да зборува за ова прашање, пренесува Ал Џезира. ссм/
фото: архива