• сабота, 31 август 2024

Хагари: Статусот на Газа по војната ќе биде глобално прашање за кое ќе се разговара со други земји

Хагари: Статусот на Газа по војната ќе биде глобално прашање за кое ќе се разговара со други земји

Ерусалим, 17 октомври 2023 (МИА) - Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека статусот на Појасот Газа по планираниот копнен напад на Израел врз палестинската енклава е „глобално прашање“ за кое ќе разговараат израелските политичари и други земји.

-Разговаравме за сите видови сценарија за крај, рече контраадмиралот Хагари на брифингот на прашањето дали израелската војска планира да остане и да управува со Газа по копнената инвазија.

Кабинетот, додаде тој, исто така разговара како ова би можело да изгледа.

-Како ќе изгледа ситуацијата во овој регион е исто така глобално прашање, изјави Хагари.

Израел подготвува копнен напад врз Појасот Газа кој е под контрола на Хамас како одговор на смртоносниот напад на терористичката група врз околните градови и кибуци во јужен Израел на 7 октомври.

Од нападот, израелските сили го извршија своето најтешко бомбардирање досега на блокираната и опколена енклава и собираат копнени трупи за напад. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан