• петок, 30 август 2024

Филмскиот фестивал „Љубовта е лудост“ годинава е исклучително силен, изјави претседателот на жирито Момчил Карамитев

Филмскиот фестивал „Љубовта е лудост“ годинава е исклучително силен, изјави претседателот на жирито Момчил Карамитев

Меѓународниот филмски фестивал „Љубовта е лудост“ годинава е исклучително силен по тоа што ни претставува многу различни автори. Ова издание е уште подобро од ланското, рече режисерот Момчил Карамитев, кој е претседател на жирито на трибината. Заедно со него, турскиот режисер и продуцент Ахмед Бојаџиоглу и унгарскиот режисер Исти Мадарас ги оценуваат филмовите на натпреварот.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Според Карамитев, првиот наслов во програмата што го отвори фестивалот, „Има уште утре“ на режисерката Паола Кортелези, која ја игра и главната улога, покажа дека и драмата и забавата се важни во киното. Во него има знак на неореализам бидејќи е црно-бело. Приказната прикажува вистинска драма со семејно насилство, но на многу убав и динамичен начин, истакна тој.

Карамитев смета дека двата филма со бугарско учество во програмата се многу добри. „Крајот на реката“ од Васил Барков има стил кој потсетува на „Stalker“ на Тарковски. Интересен е и норвешкиот филм „Мојот прекрасен странец“ со бугарските актери Радослав Владимиров, Христо Петков и Свежен Младенов, додаде тој и им честиташе на Бугарите ширум светот кои снимаат филмови.

Според него, силен филм е и дебитантскиот „Некои птици“ на младиот Унгарец Даниел Хевер, кој го поставува проблемот на старите лица кои живеат во специјализирани домови. Таму се раѓа еден многу убав спој помеѓу младоста и искуството наспроти негативните работи во нашиот живот како консумеризмот и вулгарноста, ја објасни својата теза Карамитев.

На сите во жирито им беше интересен полскиот филм „Празник на огнот“. Мислевме дека Паулина Питлак е навистина парализирана, а испадна дека е уште студентка. Ова е извонредна актерска работа која заслужува награда, коментира Карамитев. „Ме потсетува на познатиот американски филм „Rain Men“ со Дастин Хофман и Том Круз, но драмата во полскиот филм е многу посилна со врската меѓу двете сестри, од кои едната е балерина која доживува траума помагајќи и на својата болна сестра од церебрална парализа“, додаде тој.

Наградите на 32. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Љубовта е лудост“ ќе станат јасни утре, кога е и свеченото затворање.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан