• сабота, 31 август 2024

Филипини и Виетнам потпишуваат одбранбен договор

Филипини и Виетнам потпишуваат одбранбен договор

Манила, 30 август 2024 (МИА) – Филипини и Виетнам денеска ќе потпишат договор за одбранбена соработка, соопшти кабинетот на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор, што е значаен чекор на двете земји кои долго време се противат на кинеските акции во Јужното Кинеско Море.

Виетнамскиот министер за одбрана Фан Ван Гианг денеска беше во Манила на разговори со неговиот филипински колега Гилберт Теодоро, а претходно истиот ден се сретна и со Маркос.

- Сега зборуваме за одбранбена соработка, безбедносна соработка, поморска соработка и секако во областа на трговијата, рече Маркос во изјавата, во која не се наведени детали за одбранбениот договор.

Договорот доаѓа во време на тензии во Јужното Кинеско Море и меѓународна загриженост поради ескалацијата, како и однесувањето на огромната кинеска флота на крајбрежната стража и нејзините активности во ексклузивните економски зони на нејзините соседи.

Одлуката на Виетнам да склучи договор доаѓа во време кога сојузникот на САД, Филипините и Кина речиси секоја недела се препукуваат околу Јужното Кинеско Море, спор што трае повеќе од една година. Кина тврди дека има суверенитет над речиси целиот стратешки воден пат.

И покрај тоа што Виетнам и Филипини полагаат право на островите Спратли во Јужното Кинеско Море, двете земји изразија желба да работат заедно за да ги решат споровите. јт/

Остани поврзан