• сабота, 31 август 2024

Фестивалот „Весело Штурче“ ќе го има јубилејното 30.издание

Фестивалот „Весело Штурче“ ќе го има јубилејното 30.издание

Штип, 30 август 2024 (МИА) - На 26 септември ќе се одржи јубилејното 30 издание на фестивалот за деца „Весело Штурче“ во Штип. Директорот на фестивалот, Филип Стевановски на денешната прес-конференција изјави дека традиционално како и секоја година фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура „Ацо Шопов“ со две изведби во 17 и  во 19:30 минути. Од втори септември влезниците ќе бидат пуштени во продажба по цена од 250 денари.

-Ова година имаме 21 нова композиција од различни автори, каде што имаме четири композиции кои се дуети, 11 дечиња хор и четири деца бенд. Ова година е 30 години од првото „Весело штурче“ кое е одржано 1994 година, овој јубилеј ќе биде доста значаен, бидејќи ќе има гости и многу нови работи, годинава како и лани ќе се одржи во НУЦК„Ацо Шопов“ Штип, вели Стевановски

Гитара, бас гитара и тапани се новите инструменти кои се купени за стипендирање на три дечиња, дечиња кои се многу талентирани, но немаат финансиски средства да бидат дел од фестивалот.

-Повторно Весело Штурче добива хуманитарен карактер и од секоја купена влезница и секој купен производ од Весело Штурче тој ден и претходно, ќе се донираат за дечиња кои се многу талентирани, а немаат финансиски средства да бидат дел од фетивалот. Оваа година стипендираме три дечиња и купивме три инструменти кои се гитара, бас гитара и тапани, изјави Стевановски

Сите подржувачи, родители, баби и дедовци кои ќе купат влезници за фестивалот ќе донираат за дечиња. вдј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан