• недела, 01 септември 2024

Фати: Играњето со Меси е сон што го имав уште од детството

Фати: Играњето со Меси е сон што го имав уште од детството
Барселона, 28 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, кој синоќа постигна два гола на мечот од 3. коло на Шпанскиот шампионат против Виљареал (4:0), ја забележа важноста на напаѓачот Лионел Меси за неговиот развој.
  • Да играм со Меси е сон што го имав уште од детството. Сега тоа стана реалност. Лионел ми дава многу совети. Тој многу ми помага и на теренот и на тренинзите, надвор од фудбалот. Ме прави среќен. Сакам да продолжам да напредувам секој ден и да учам од моите соиграчи, бидејќи тие се најдобри на светот. Секој ден се обидуваат да ми помогнат, изјави Фати.
Оваа сезона, 17-годишниот Фати одигра еден натпревар за каталонскиот клуб и одма се наметна како сериозен претендент за првиот состав. зс/

Остани поврзан