Фатени крадци во Кавадарци, следува пријава
- Во Кавадарци утрово во 00.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци.

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Во Кавадарци утрово во 00.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци.
Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети.
- Во возилото во кое се превезувале било проанјдено одземеното,а лицата биле задржани во полициска станица. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР. цр/лв/
Фото: МИА архива