• четврток, 29 август 2024

Утре без струја дел од улиците Осло и Будипештанска и објекти во околината на Полиестердеј во Визбегово

Утре без струја дел од улиците Осло и Будипештанска и објекти во околината на Полиестердеј во Визбегово

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Утре без напојување со електрична енергија од 08:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. Осло, а  од 10:30 до 14:00 часот и корисниците од дел од ул.Будимпештанска во Општина Карпош, а од 08:00 до 11:30 часот корисниците од дел од стопанската зона во населба Визбегово, поточно објектите во околината на фирмата – Полиестердеј во Општина Бутел.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека по добиеното известување од ЕВН, прекинот во напојувањето со струја е поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан