• петок, 30 август 2024

Уставен суд нема да поведе постапка за Законот за изменување на законите за плати на судиите и членовите на Судски совет

Уставен суд нема да поведе постапка за Законот за изменување на законите за плати на судиите и членовите на Судски совет

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Уставниот суд денеска одлучи да не поведе постапка за Законот за изменување на законите за плати на судиите и за Законот за платите на членовите на Судскиот совет.

Како што информираше на денешната прес-конференција, портпаролката на Судот, Христина Беловска, За Уставниот суд се неприфатливи и неосновани наводите на Судскиот совет и на Здружението на судии кои што се јавуваат како подносители во овие два предмета и кои што тврдат дека се загрозува независноста и самостојноста на судството со овие оспорени одредби.

- Според Судот, не се неуставни измените донесени на 20 февруари оваа година со кои што беа намалени коефициентите за пресметување на платите за 13 проценти, или, конкретно, пораст на просечната плата и од анализата која што ја направи, произлегува дека на судиите и членовите на Судскиот совет нема да им бидат намалени платите како што се тврди, туку ќе им бидат зголемени, но за минимален износ, рече Беловска.

Судот оценил дека тие и натаму земаат плата која што одговара на нивниот статус, улога и дигнитет и нивната материјална состојба не е влошена.

-  Нивната материјална сигурност не е загрозена како што се тврди во наводите, бидејќи тие влегуваат во групата на јавни функционери кои примаат највисоки плати во државата, дополни таа.

Според нив, намалувањето на коефициентите е извршено врз основа на закон што, како што дополни, значи дека се неосновани наводите дека се прави упад во судската власт, бидејќи Собранието е она кое што е надлежно да ги носи законите. ар/аа/
Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан