• среда, 28 август 2024

Усвоена завршната сметка на ДИК за 2020 година

Усвоена завршната сметка на ДИК за 2020 година
Скопје, 24 февруари 2021 (МИА) – Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно го усвоија Годишниот извештај за завршната сметка на ДИК за 2020 година. Државната изборна комисија за 2020 година има остварено приходи 516.634.381 денар и вкупно остварени трошоци во истиот износ. Трошоците, како што се дадени во прилог на Годишниот извештај, се однесуваат за основни плати и надоместоци, за придонеси за социјално осигурување, патни и дневни расходи, комунални услуги, греење, комуникација и транспорт, материјали, ситен инвентар, поправки и за тековно одржување, договорни услуги, други оперативни расходи, привремени вработувања, разни трансфери, исплата по извршни решенија, купување машини и опрема. Ѓорѓи Коџабашиев од секторот за финансиски прашања при ДИК на денешната четврта седница информира дека врз основа на законските прописи во земјава, ДИК е обврзана до 28 февруари 2021 година да достави завршна сметка за своето финансиско работење. Сметката се доставува до Централниот регистар и до Државниот завод за ревизија. Пред тоа, како што рече, членовите на Комисијата треба да го усвојат Годишниот извештај, кој се прави врз база на финансиската евиденција во ДИК и притоа се направени биланс на приходи и расходи, биланс на состојба, податоци потребни за државна евиденција и овие документи ќе се достават до Централниот регистар и до Државниот завод за ревизија. мд/са/

Остани поврзан