• петок, 30 август 2024

Украинските сили ноќеска собориле 12 руски дронови

Украинските сили ноќеска собориле 12 руски дронови

Киев, 30 август 2024 (МИА) - Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека собориле 12 од вкупно 18 дронови што биле лансирани за време на ноќешните руски напади, пренесоа британските медиуми.

За време на нападите, московските сили користеле и ракета Искандер-М, се наведува во пораката на Телеграм.

Генерал-полковник Микола Олешук од украинските воздухопловни сили, изјави дека проектилот бил истрелан од полуостровот Крим, а беспилотните летала Шахед биле лансирани од базите во Приморски-Ахтарск и Курската област.

Соборените беспилотни летала паднаа над регионите Виница, Миколаев, Дњепропетровск, Херсон и Суми.

Во текот на ноќта во неколку региони на Украина е прогласена тревога за воздухен напад, откако руски беспилотни летала биле забележани во украинскиот воздушен простор, јави Укринформ.

За време на ноќешниот напад врз регионот Суми биле повредени девет лица, откако била погодена фабрика. Фабрика била погодена и во регионот Полтава, соопштија утринава локалните власти, цитирани од британските медиуми.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан