• четврток, 29 август 2024

Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион Су-25

Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион Су-25

Киев, 28 август 2024 (МИА) - Украинската армија денеска соопшти дека соборила руски борбен авион Су-25 кој летал во правец кон Краматорск.

Нашата армија собори руски авион Су-25 во правец кон Краматорск, кој се обидуваше да ги гаѓа позициите на единиците на украинските вооружени сили“, се вели во соопштението, пренесува Укринформ.

Се наведува дека припадниците на противвоздушната одбрана собориле руски борбен авион со проектил истрелан од системот за противвоздушна одбрана Манпадс. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан