• недела, 25 август 2024

Украина со беспилотни летала нападна четири руски рафинерии

Украина со беспилотни летала нападна четири руски рафинерии

Kиев, 25 август 2024 (МИА) - Украинската армија соопшти дека денеска извршила напади со беспилотни летала врз четири рафинерии, радарски станици и други воени цели на територијата на Русија.

Наведено е дека украинските беспилотни летала ги нападнале рафинериите Афипски, Илиски, Краснодар и Астрахан.

Руската армија објави дека завчера соборила 70 украински беспилотни летала над Црното Море и Крим, 43 во Краснодарската област и едно беспилотно летало над Волгоград.

Се тврди дека рафинериите Афипски, Илски и Краснодар ја снабдуваат со гориво руската Црноморска флота.

Украинската војска соопшти дека нападнала и радарски станици и центри за собирање електронски податоци во Брјанската област и Крим, како и магацини за беспилотни летала и командни и контролни центри во Краснодар. рп/

Фото: Икс

Остани поврзан