• вторник, 27 август 2024

Триумф на претставата „Петар Пан и Дедо Мраз“

Триумф на претставата „Петар Пан и Дедо Мраз“

Крајот на годината, поточно, минатиот викенд беше спектакуларен и во многуте сегменти ги смени критериумите на постоечката музичко балетска сцена.
Имено, на нашата најголема затворена сцена, во Арената „Борис Трајковски“ се оддржа детскиот музички спектакл, „Петар Пан и Дедо Мраз“, настан кој слободно може да се нарече- светски, каде што триумфираа идејата и реализацијата.
За првпат на овој простор се случи детска претстава за која воодушевувањето и коментарите, и неколку дена - потоа, не стивнуваат.
Овој „made in Macedonia“, музичко- балетски спектакл, или- проект, стана вистинска гордост, поради кој многу земји со развиена, импресивна музичка индустрија можат да ни позавидат.
Едно е сигурно, оваа претстава и даде крилја на културата а благодарение на квалитетното сценарио, вештината на танчерите, моќната музика, надреалното стана реално.

Палавиот херој на многуте детства, Петар Пан навистина полета, а Дедо Мраз, верувале или не, директно од Лапонија слета на сцената на „Борис Трајковски“. Глетката величенствена, а децата во публиката ги поздравуваа со хорски овации.
 Освен доброто чувство што претставата го предизвика, во наследството на поп-културата ќе останат и интересни сонгови: песните со неверојатна брзина влегоа во увото на публиката која постојано ги потпевнуваше.
Ама и многу магија и игра ја одбележаа „Петар Пан и Дедо Мраз“, позитивната животна филозофија што, наспроти разните животни предизвици, се обиде да го претстави детството преку одредени симболии и херои.


Изведбата на децата од Балетското студио „Арт Балет“ како и професионалните балетани од редовите на ансамблот при Националната Опера и Балет- Веселин Трајковски и Николас Хоурсеау во улогите на Петар Пан и Капетан Кука, како и актерот Лазар Христов во улогата на Дедо Мраз, беше маестрална...
Комплименти и за целиот тим: Ристо Самарџиев (сценарио и сонгови), Ирена Лозинска (кореографија и режија), Владимир Дојчиновски -Дојчин (музика), Тамара Ѓурчиновска, (управителката на Арт Балетот) и Миа Кантарџиева Петровска (ги пееше сонговите на Ѕвончица).


Всушност, ова беше највеличенствен начин, по премиерните четири претстави во Националната Опера и Балет на 31-ви март и 1-ви април, слетувањето на Петар Пан во Штип, Струмица и Велес, турнејата да заврши на вистинското место.
И за крај: би сакале нашите деца и генерации потоа да растат и да се едуцираат со вакви настани, да уживаат во мечтите и да ја развиваат креацијата и радоста.


Петар Пан и Дедо Мраз ви посакуваат „Волшебна Нова 2024“!

 

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

 

 

 

Остани поврзан