Триумф на Петрески на Европскиот школски куп во шах
- Македонските претставници остварија забележителен настап на Европскиот школски куп во стандарден шах, чиј домаќин изминатите денови беше црногорскиот град Цетиње.
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) – Македонските претставници остварија забележителен настап на Европскиот школски куп во стандарден шах, чиј домаќин изминатите денови беше црногорскиот град Цетиње.
Најголем успех постигна Леонид Петрески од МШК Центар, освојувајќи го првото место во категорија до 17 години, во конкуренција на 54 натпреварувачи.
Членовите на ШК Алкалоид, Теодор Јовановски и Стојан Велкоски, исто така, имаа добар настап и го завршија турнирот на третото, односно петтото место.
Во категоријата до 13 години најдобро пласиран македонски претставник беше Никола Петрески член на ШК Гамбит Ассеко СЕЕ со освоеното четврто место. ег/вј/