• вторник, 24 септември 2024

Трето запрашување против комарци на подрачјето на општина Дебар

Трето запрашување против комарци на подрачјето на општина Дебар

Дебар, 23 септември  2024 (МИА) - Општина Дебар информираше дека денеска од 18 часот па се до 6 часот утре наутро,  ќе се реализира третото  програмско запрашување против комарци на подрачјето на Општината.

- Дезинсекција, која е систематска превенција за искоренување на комарците на територијата на општина Дебар, се реализира согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа против епидемиска мерка, објави попладнево општината на Фејсбук страната.

Запрашувањето со апарат за УЛВ ладно запрашување ќе го вршат екипи на Друштвото за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци, кои ќе спроведат теристичка, од земја, дезинсекција со цел уништување на комарците.

Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарско Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.

-Поради тоа, се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови, како ветар, дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, наведуваат од општината.

Првото запрашување годинава, во оваа општина беше спроведено на 22/23 мај, додека второто на 24/25 јули. вт/

Фото: Општина Дебар ФБ

 

 

Остани поврзан