• понеделник, 26 август 2024

Трамп повика новинари во Мар-а-Лаго каде се очекува да најави кандидатура за претседателските избори

Трамп повика новинари во Мар-а-Лаго каде се очекува да најави кандидатура за претседателските избори
Вашингтон, 14 ноември 2022 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска повика новинари на неговиот луксузен имот Мар-а-Лаго на Флорида, каде се очекува утревечер официјално да објави дека ќе се кандидира за претседателските избори во 2024 година. Седумдесет и шестгодишниот милијардер, посочи дека утревечер по локално време (среда рано наутро по средноевропско време) новинарите ќе ја проследат „многу големата објава“. - Претседателот Трамп во вторник ќе објави дека ќе се кандидира за претседател, изјави еден од неговите советници, Џејсон Милер, кој предвидува дека говорот на Трамп ќе биде „многу професионален, доста внимателно подготвен“. Дел од медиумите пишуваат дека Трамп, кој е познат по својата непредвидливост, сè уште има време за да се премисли во последен момент. Но, тој со месеци едвај ја прикриваше желбата повторно да се кандидира за претседател на изборите во 2024 година. Доколку одлучи да ја одложи кандидатурата, како што наводно некои советници му сугерираат, тоа според поединци би било непригодно, бидејќи тој ја најавуваше неговата објава како „можеби еден од најважните говори во историјата на САД“. Доколку се кандидира во 2024 година, на Трамп тоа ќе му биде трета трка за претседател, а петти национални избори каде е носител на републиканската листа. бд/ссм/

Остани поврзан