• петок, 27 септември 2024

Трамп вели дека ќе го уништи Иран ако му наштети на американски кандидат за избори

Трамп вели дека ќе го уништи Иран ако му наштети на американски кандидат за избори

Њујорк, 24 септември 2024 (МИА) - Доналд Трамп рече дека Иран треба да биде разнесен „на парчиња“ доколку Исламската република е вмешана во повредување американски кандидат за претседател или поранешен претседател, откако американските разузнавачи предупредија на закани од Техеран против животот на републиканецот.

„Да бев претседател, би ја известил заканувачката земја, во овој случај Иран, дека ако направите нешто за да и наштетите на оваа личност, ќе ги разнесеме на парчиња вашите најголеми градови и самата земја“, рече Трамп на настан од кампањата во Северна Каролина. зш/

Остани поврзан