• сабота, 31 август 2024

Трамп: Бајден си заминува како најлошиот претседател во американската историја

Трамп: Бајден си заминува како најлошиот претседател во американската историја

Вашингтон, 21 јули 2024 (МИА) - Доналд Трамп, републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори во Соединетите Американски Држави, изјави денеска, по повлекувањето на актуелниот претседател Џо Бајден од трката, дека Бајден „заминува како најлошиот претседател досега“ во историјата на таа земја.

Во телефонски разговор со Си-Ен-Ен, неколку минути откако Бајден објави дека се повлекува, Трамп рече дека мисли оти потпретседателката Камала Харис ќе биде полесно да се победи од Бајден, иако сè уште не се знае дали таа ќе биде кандидат на Демократите за претседател.

Бајден денеска се повлече од кампањата за реизбор на претседателските избори во ноември. Во писмото објавено на „X', Бајден рече дека верува оти е во најдобар интерес на неговата партија и земја да се повлече и да се фокусира исклучиво на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат.  мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан