• вторник, 27 август 2024

Тајван спроведе воени вежби за одвраќање на кинески напад

Тајван спроведе воени вежби за одвраќање на кинески напад

Пингтинг, 26 август 2024 (МИА) – Тајван денеска одржа воени вежби со цел одвраќање на напад од Кина, која Тајван го смета за своја територија.

Војниците истрелаа ракети TOW 2 A со оптичко наведување на пловечки цели од плажа во округот Пингтинг.

Областа на јужниот врв на Тајван е свртена и кон Тајванскиот теснец и Кина, како и кон Тихиот Океан.

Тајван, исто така, купи 1.700 единици од поновиот систем TOW 2B од САД, од кои последниот треба да биде испорачан до крајот на годината. Тестирањето ќе ја измери способноста на новото оружје да погодува цели ноќе, соопшти Министерството за одбрана.

Ракетите TOW 2 A се меѓу најефективните и најпопуларните противтенковски оружја во светот и клучна компонента во стратегијата на Тајван да се спротивстави на потенцијалната кинеска инвазија.

Заговорниците на таквото оружје тврдат дека овие системи имаат најголема шанса против многу поголемите кинески сили. јт/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан