• сабота, 23 ноември 2024

Стејт департмент: Русија злонамерно го користи православието

Стејт департмент: Русија злонамерно го користи православието
Вашингтон, 17 јануари 2022 (МИА) - Американскиот Стејт департмент ја обвини Русија дека злонамерно го користи православниот идентитет за да ги унапреди своите геополитички интереси. Портпарол на Стејт департментот рече дека „Русија е вклучена во тајни и отворени злонамерни обиди да го инструментализира православниот идентитет за да ги задоволи сопствените геополитички интереси, со поддршка на одредени православни цркви и други лидери, притоа поткопувајќи ги другите религии“. Тој исто така ја истакна важноста што САД ја придаваат на промоцијата и заштитата на верските слободи, додавајќи дека „заштитата на слободата на религијата или верувањето, вклучително и слободата на верските малцинства, останува клучен елемент на надворешната политика на САД“. „Луѓето треба да бидат слободни да донесуваат одлуки за тоа како ги изразуваат своите религиозни убедувања, без надворешно мешање, вклучително и од странски влади“, рече портпаролот на Стејт департментот. паг/

Остани поврзан