• сабота, 31 август 2024

Средба на министерката Јаневска со италијанскиот амбасадор Силвестри

Средба на министерката Јаневска со италијанскиот амбасадор Силвестри

Скопје, 18 јули 20224 (МИА) -  Министерката за образование и наука Весна Јаневска имала средба со амбасадорот на Италија Андреа Силвестри, на која разговарале за соработката помеѓу двете држави во областа на образованието и науката.

Како што информира МОН, соговорниците изразиле задоволство од добрите билатерални релации, но и подготвеност за отпочнување нови иницијативи.

-Јаневска го информираше амбасадорот за отпочнатите приоритетни промени во основното и средното образование, како и за активностите кои ќе следуваат согласно програмата за работа на МОН и Владата.
Тема на дискусија беше и можноста која ја имаат учениците во Македонија да го изучуваат италијанскиот јазик како втор изборен предмет во основното и средното образование, но и заложбите за проширување на изучувањето на овој предмет, за што во следниот период ќе се остварат и средби со Здружението на наставници по италијански јазик, информира Министерството за образование и наука. хс/нд/

Фото: Министерство за образование и наука

Остани поврзан