• понеделник, 13 јули 2026

СП 2026: Паника во таборот на Бразил, Нејмар повторно на прегледи

СП 2026: Паника во таборот на Бразил, Нејмар повторно на прегледи

Њу Џерси, 16.јуни 2026 (МИА) – Бразилскиот репрезентативец Нејмар го пропушти последниот тренинг на репрезентацијата и беше на лекарски прегледи. Тој во понеделникот ја посети клиниката во близина на кампот на Бразил поради повредата на листот на десната нога.

Дел од медиумите објавија дека Нејмар ќе биде дел од тимот и ќе се приклучи на подготовките за натпреварот со Хаити што „кариоките“ го играат на 20.јуни. Од таборот на Бразил сè уште нема информации по прегледите, иако медицинскиот тим на Бразил очекува Нејмар да биде подготвен за нок аут фазата.

Нејмар се повреди на 17.мај додека настапуваше за Сантос.

Во натпреварот од првото коло Бразил одигра нерешено 1:1 против Мароко. мн/

Фото: ЕПА