• понеделник, 13 јули 2026

СП 2026: Ливраменто ќе го пропушти Мундијалот, доаѓа Чалоба

СП 2026: Ливраменто ќе го пропушти Мундијалот, доаѓа Чалоба

Канзас Сити, 16.јуни 2026 (МИА) – Англискиот фудбалски репрезентативец Тино Ливраменто нема да настапи на Светското првенство откако се здоби со повреда на листот на ногата на тренингот во неделата. Него ќе го замени Тревор Чалоба.

Комплетните лекарски прегледи ја потврдија тежината на повредата и дека фудбалерот на Њукасл нема да може да настапи.

Англија првиот натпревар на Светското првенство го игра против Хрватска во среда (17.јуни). Од Англиската федерација потврдија дека новоповиканиот фудбалер нема да биде во комбинација за утрешниот дуел во Далас.

Чалоба има еден настап за репрезентацијата, на пријателски натпревар против Сенегал минатата година. За својот тим Челзи изминатата сезона одигра 47 натпревари и постигна три гола.

Англија покрај дуелот со Хрватска ќе игра против Гана во Бостон (23.јуни) и против Панама во Њу Џерси (27.јуни). мн/

Фото: ЕПА