• понеделник, 13 јули 2026

СП 2026: Австрија го победи Јордан

СП 2026: Австрија го победи Јордан

Санта Клара, 17 јуни 2026 (МИА) - Австрија рано утрово го победи Јордан со 3:1 во првото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година.

Австријците поведоа со голот на Романо Шмид во 21. минута. Јордан израмни во 50. минута преку Али Олван. Автоголот на Јазан Ал-Араб во 77. минута донесе ново водство за фаворитот. Победата ја потврди 37-годишниот Марко Арнаутовиќ од пенал во 90+12.минута.

По првото коло, Австријците се втори во групата Ј со три бода, зад Аргентина со по три бода. Јордан и Алжир се без освоен бод.

Во второто коло, Австрија ќе игра против Аргентина на 22 јуни, Јордан против Алжир на 23 јуни. зс/

Фото: ЕПА