• петок, 13 јуни 2025

Според Вадефул средбата во Турција е клучна за следните чекори на Европа против Русија

Според Вадефул средбата во Турција е клучна за следните чекори на Европа против Русија

Берлин, 13 мај 2025 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул избегна да одговори на прашањето дали ЕУ веднаш ќе воведе нови санкции против Русија, насочувајќи го вниманието кон потенцијалната средба меѓу руските и украинските лидери в четврток во Турција.

- Го чекам четврток, кога е можно да се одржи средба меѓу руската и украинската страна, истакна Вадефул во Берлин.

Ова го изјави во одговор на прашањето кога европските лидери ќе ја исполнат заканата да воведат нови санкции против Москва, доколку таа не се согласи на итен прекин на огнот во Украина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан