• сабота, 23 ноември 2024

СПМ: Според висината на минималната плата сме на дното заедно со Босна и Херцеговина

СПМ: Според висината на минималната плата сме на дното заедно со Босна и Херцеговина

Скопје, 7 февруари 2024

-Сведоци сме на нова поразителна статистика објавена од Евростат според која Македонците земаат најниска минимална и просечна плата во регионот. Според висината на минималната плата сме на дното заедно со Босна и Херцеговина. 

Согласно пресметките на ССМ новиот минималец во март ќе изнесува 22.600 денари, кој и понатаму ќе биде најнизок во регионот и нема да биде доволен за да се задоволат потребите за да преживее едно семејство.

И во јавниот сектор. официјалните податоци велат дека поголемиот број на вработени земаат плата која според висината е поблиску до минималната од колку до просечната плата која изнесува нешто над 38 илјади денари.
Во меѓувреме оваа однародена Влада предлага донесување на Закони, со кои јавната администрација нема да го добие предвиденото покачување во март.

Во „како пупка“ отвореното судство за време на ДУИ/СДС, Соузот на синдикати ја загуби својата зграда, која работниците со сопствени средства ја граделе. 

Социјалистичката партија на Македонија прашува дали е тоа социјалдемократската грижа за работниците, каде се сега социјалдемократите да наредат чевли пред Владата во знак на протест за големото иселување на граѓаните и дали Владата на овој начин се справува со проблемите во општеството?

Со ваквата негрижа на Владата, прашање на време е кога и последниот граѓанин ќе ја напушти државата.

Социјалистичката партија на Македонија основано се сомнева дека токму тоа и е целта на ДУИ/СДС, затоа што концептот на вандалската шарена револуција е целосно девастирање на државата и историско бришење на нацијата.

Концепт на државно и општествено разградување кој нема да успее и кој ќе биде одлучно отфрлен од македонските бирачи.

Социјалистичка партија на Македонија

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Остани поврзан