• сабота, 31 август 2024

Советот на Амбасадори изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи

Советот на Амбасадори изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи
Скопје, 3 септември 2022 (МИА) - Советот на Амбасадори на Република Северна Македонија изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи. Назифи, беше амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година. - Советот на Амбасадори со голема болка и тага ја прими веста за прераната смрт на нашиот поранешен колега досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Германија Рамадан Назифи, со кого неколку години тесно сме соработувале и сме ги споделиле искуствата во развојот на дипломатската пракса и афирмација на земјата во меѓународни рамки, се вели во телеграмата со сочувство од Советот на Амбасадори. По овој тажен повод, се вели во телеграмата со сочувство, Советот на Амбасадори на неговото блиско семејство, на неговите колеги со кои тој соработувал како раководител во дипломатската служба и потоа амбасадор им упатуваме искрени сочуства. аа/мс/

Остани поврзан