• понеделник, 26 август 2024

Следната недела ќе се знае кога администрацијата ќе се врати на работа

Следната недела ќе се знае кога администрацијата ќе се врати на работа
Скопје, 4 мај 2020 (МИА) - Следната недела ќе се знае кога ќе се врати администрацијата на работа.   Министерот за здравство Венко Филипче информира дека до крајот на неделава Комисијата за заразни болести ќе одлучи како да се имплементираат мерките, а од следната недела тие ќе почнат постепено да се имплементираат. -Мерката носење заштитна маска, доколку се почитува, може да дозволи постепено враќање и организација на работните единици, компании и администрацијата во функција. Треба да најдеме и соодветно решение за градинките. Оваа недела подготвуваме сѐ во рамки на активностите на Комисијата за заразни болести и веројатно од следната недела постепено ќе се имплементираат овие мерки и тоа дел по дел така како што ќе одредат експертите, изјави министерот Филипче.ир/са/

Остани поврзан