• понеделник, 13 јули 2026

Силекс во Белорусија, Шкендија Тетово во Гибралтар на стартот од квалификациите од Конференциската лига

Силекс во Белорусија, Шкендија Тетово во Гибралтар на стартот од квалификациите од Конференциската лига

Нион, 16.јуни 2026 (МИА) – Македонските претставници во првото коло од квалификациите од Конференциската лига ги добија ривалите на стартот од натпреварувањето. Освојувачот на Купот на Македонија Силекс од Кратово во првиот натпревар ќе гостува кај Динамо Минск, додека реваншот ќе го играат како домаќини во Скопје. Противникот на Силекс, кој беше еден од носителите важи и за фаворит.

Тетовска Шкендија ќе мора добрите европски резултати од ланската сезона на стартот да ги потврди против екипата на Европа од Гибралтар. Првиот натпревар тетовчани го играат на гости, а реваншот во Скопје.

Термини за одигрување на првиот натпревар е 9.јули, а реваншот се игра на 16.јули. мн/

Фото: ФФМ