• сабота, 31 август 2024

Се чисти каналската мрежа во руралните средини на Општина Битола

Се чисти каналската мрежа во руралните средини на Општина Битола

Битола, 30 август 2024 (МИА) - Општина Битола почна да чисти каналска мрежа, во должина од 2950 метри, во неколку населени места во руралниот дел на општината.

На барање на жителите, општината почна со машинско чистење на каналската мрежа во селото Крклино, а по завршувањето на чистењето на оваа мрежа во должина од 1.700 метри, активностите продолжуваат во селата Породин во должина од 600 метри и Драгош во должина од 650 метри, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Чистењето на каналската мрежа се врши со цел оспособување на мрежата пред есенските дождови, се нагласува во соопштението испратено од секторот за односи со јавност на Општина Битола.мт/са/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан