• понеделник, 13 јули 2026

Семењо со прекрасен гол му донесе пехар на Манчестер Сити во ФА купот

Семењо со прекрасен гол му донесе пехар на Манчестер Сити во ФА купот

Лондон, 16.мај 2026 (МИА) – Фудбалерите на Манчестер Сити освоија уште еден пехар откако во финалето на ФА купот на Вембли во Лондон го совладаа Челзи со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Семењо во 71.минута. Тој на атрактивен начин со „петица“ ја затресе мрежата на Челзи по асистенцијата на Ерлинг Халанд.

До крајот на натпреварот екипата на Пеп Гвардиола успеа да го зачува водството од гол предност.

За екипата на Манчестер Сити ова е осми трофеј во најстарото фудбалско натпреварување и на тој начин се изедначи по бројот на пехари со Челзи, Ливерпул и Тотенхем, а најуспешен е Арсенал со 14 титули.    мн/

Фото: ЕПА