Седум луѓе повредени откако автомобил удрил во случајни минувачи во Модена (ДПЛ)
- Возачот на автомобилот е приведен и според полицијата нема други опасности
Рим, 16 мај 2026 (МИА) – Седум луѓе се повредени откако автомобил со голема брзина удри во случајни минувачи во центарот на италијанскиот град Модена.
Возачот на автомобилот е приведен и според полицијата нема други опасности.
Претходно, италијанските медиуми објавија дека автомобилот откако се залетал во луѓето удрил во излог на продавница, а потоа возачот избодел еден човек, кој се обидел да го запре. ми/
фото: Икс