СДСМ: Нови поскапувања на храната и раст на трошоците за живот, вистината е дека народот нема пари
- Лагите на Мицкоски за наводните економски успеси и за тоа дека Македонија е трета економија во Европа се целосно разобличени, пишува во денешното соопштение на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
9 јуни 2026
Лагите на Мицкоски за наводните економски успеси и за тоа дека Македонија е трета економија во Европа се целосно разобличени, пишува во денешното соопштение на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Вистината е дека граѓаните живеат сè потешко, дека имаат сè помалку пари во џебовите затоа што сè е поскапено.
Платите не растат доволно за да го следат поскапувањето, а нема ниту нови мерки за заштита на животниот стандард.
Последните официјални статистички податоци тоа јасно го потврдуваат.
Трошоците на животот во мај годинава се зголемени за 4,8 проценти во однос на истиот месец лани, додека цените на мало пораснале за 5,6 проценти.
Храната, сметките, превозот и секојдневните трошоци стануваат сè поголем товар за семејните буџети.
Реалноста е дека синдикалната потрошувачка кошничка расте, а куповната моќ на граѓаните опаѓа.
Бројките се немилосрдни и ја кажуваат вистината: животот е поскап, животниот стандард е понизок, а граѓаните се посиромашни отколку пред една година.
Доста е со лагите.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ