• среда, 16 септември 2026

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Скопје, 14 август 2026  

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар, стои во соопштението на СДСМ кое што МИА го пренесува интегрално.

Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.

Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни.

Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар?

Нема документ. Нема извештај. 

Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар.

Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила?

Кој го потпишал извештајот?

Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања.

За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина.

Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ.

Центар за комуникации на СДСМ

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа