• среда, 28 август 2024

Санкционирани 136 возачи во Скопје, 20 за брзо возење

Санкционирани 136 возачи во Скопје, 20 за брзо возење

Скопје, 14 јуни 2023 (МИА) - На територија на град Скопје  вчера се изречени  136 мерки за сообраќајни прекршоци, меѓу кои по 20 за возење повеќе од дозволената брзина 20 и за прекршоци од возачи на мотоцикл, 11 за возење без возачка дозвола, информира МВР.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР. лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан